Течен луксуз во шишенце. Топол, сладок и опивачки мирис со ноти на коњак, цимет и дабово дрво кој асоцира на страст, богатство и комфор.
Inspired by Angels’ Share – By Killian
Price range: 250,00 ден through 1.600,00 ден
Опис
Angel’s Share е едно од најголемите ремек-дела на куќата Kilian и е директно инспириран од наследството на фамилијата Hennessy и процесот на производствено созреано коњак.
Приказната започнува силно и опивачки – со богат бран на вистински коњак кој веднаш дава чувство на топлина и елеганција. Во срцето, мирисот станува неверојатно кремаст и зачинет благодарение на комбинацијата од цимет, боб од тонка и дабово дрво, создавајќи слатка и длабока арома што потсетува на луксузен десерт или скапо пијалак покрај камин. Во базата се развиваат топлите ноти на ванила, пралине и сандалово дрво, кои му даваат неверојатна трајност и кадифен завршеток.
Ова е идеалниот избор за мажи и жени кои сакаат гурмански, слатки и доминантни парфеми кои привлекуваат комплименти од секој агол. Најдобро доаѓа до израз во ладните есенски и зимски денови, како и за вечерни излегувања каде сакаш да оставиш длабок и незаборавен траг.
* Овој парфем е инспириран од познатиот Angels’ Share – By Killian, но не е поврзан со ниту еден бренд. Сите имиња се користени само за споредбени цели.
| Горни ноти: |
Коњак |
|---|---|
| Средни ноти: | Цимет, тонка зрнца, дабово дрво |
| Основни ноти: | Ванила, пралине, сандалово дрво |






Критики
Нема критики сеуште.