Inspired by Figue Erotique – Tom Ford

Price range: 250,00 ден through 1.600,00 ден

Провакативен, кремаст и сочен овошно-дрвенест мирис. Совршена комбинација на свежа смоква, сладок кафен шеќер и зачинети акорди кои зрачат со егзотична сензуалност и луксуз.

Цена
Цена со додатоци
Вкупно
SKU: Не е достапно Категорија Ознака:

Опис

Figue Érotique е уште едно смело и провокативно издание од луксузната Private Blend колекција на Tom Ford, создадено да ја улови најслатката, најзрелата и најзаводливата фаза на смоквата.

Приказната започнува со свеж, зелен бран од листови од смоква и бергамот, збогатен со суптилен солен акорд што му дава динамичен и модерен шмек. Во срцето се развива богата, млечна и сочна Kadota смоква споена со кремаст и тропски иланг-иланг. Вистинската длабочина и магија се случуваат во базата, каде гурманскиот Muscovado шеќер се меша со земјените ноти на ветивер и пачули, создавајќи кремаст, сладок и неверојатно траен финиш на кожата.

Ова е идеален избор за мажи и жени кои сакаат модерни, егзотични и поинакви мириси кои не минуваат незабележано. Совршен за топли есенски денови, романтични средби или за сите прилики кога сакаш да носиш неодоливо сензуален потпис.

* Овој парфем е инспириран од познатиот Figue Erotique by Tom Ford, но не е поврзан со ниту еден бренд. Сите имиња се користат само за споредбени цели.

Горни ноти:

Лист од смоква, бергамот

Средни ноти:

Смоква, иланг-иланг

Основни ноти:

Muscovado шеќер, ветивер, пачули

Критики

Нема критики сеуште.

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *