Остар, зачинет и дрвенест мирис за момци кои ги рушат правилата. Спој на свеж бергамот, пикантен тутун и кавијар кој зрачи со сурова машкост и самодоверба.
Inspired by Bad – Diesel
Price range: 200,00 ден through 1.300,00 ден
Опис
Diesel Bad е првиот парфем кој ја комбинира нотата на тутун со кавијар, создавајќи уникатна контраст помеѓу зачинета свежина и солена, магнетна привлечност.
Приказната започнува силно со остар и свеж бран од бергамот, кардамон и лаванда. Во срцето се појавува неочекуваниот и провокативен аккорд на кавијар, кој му дава на парфемот метална, солена и сурова димензија. Базата ја открива неговата вистинска, темна страна – богата мешавина од топол тутун, ирис и дрвенести ноти кои му даваат сериозност и трајност на кожата.
Ова е парфем за маж со бунтовен дух, кој не се плаши да биде во центарот на вниманието. Совршен е за вечерни излегувања, клубови и ладни денови кога сакаш да оставиш траг што не се заборава лесно.
* Овој парфем е инспириран од познатиот Bad – Diesel, но не е поврзан со ниту еден бренд. Сите имиња се користени само за споредбени цели.
| Горни ноти: |
Бергамот, кардамон, лаванда |
|---|---|
| Средни ноти: |
Кавијар, корен од ирис |
| Основни ноти: | Тутун, дрвенести ноти, зрнце од тонка |











Критики
Нема критики сеуште.