PhareX – Original Parfum by NOIR

Нема на залиха

1.700,00 ден

PhareX не е обичен парфем, туку мирис кој е потполно твој. Суптилен, моќен и невозможно да се игнорира.

Избери колку маслени капки сакаш да додадеме во твојот парфем и да го засилиме интензитетот и времетраењето уште повеќе.
Цена
Цена со додатоци
Вкупно
SKU: Не е достапно Категорија

Опис

Што се крие зад новиот PhareX на Noir?

Сигурно сте биле во присуство на некој кој не носи нападен парфем, а сепак зрачи со неодолива самодоверба и харизма.

Кога знаете дека носите нешто што ве прави привлечни, вашиот став се менува, почесто се насмевнувате, а околината едноставно реагира на таа енергија. PhareX e тука да ви помогне во тоа.

Денес ви го прикажуваме светот на феромонските молекули и ви го претставуваме PhareX, најновата иновација од лабораторијата на NOIR.

Задачата на PhareX е да ја нагласи вашата природна „хемиска потписна нота“. Штом ќе го нанесете, молекулите стапуваат во интеракција со вашата pH вредност. Понатаму испраќаат суптилни сигнали до мозокот, поврзани со чувство на удобност, сигурност и привлечност.

А со тоа, вие привлкувате повеќе внимание, воздишки и супер комплименти од луѓето околу вас.

Единствениот „проблем“ е што луѓето почесто ќе ве прашуваат: „Што е тоа што го носиш?“ бидејќи мирисот на секоја кожа се развива различно и уникатно.

Често поставувани прашања

Како мириса PhareX?

PhareX има софистицирана, модерна мирисна основа карактеристична за Noir, со ноти кои се прилагодуваат на кожата. На секој човек мириса различно бидејќи молекулите се врзуваат со вашата природна pH вредност, создавајќи уникатен „потпис“ кој е само ваш.

Што точно е PhareX и како се разликува од обичен парфем?

PhareX е молекуларен парфем кој содржи синтетички верзии на соединенија кои телото природно ги емитува. Додека обичните парфеми се фокусираат само на мирисни ноти (цветни, дрвенести, зачинети), PhareX е дизајниран да комуницира со околината на суптилно, потсвесно ниво, нагласувајќи ја вашата природна привлечност.

Дали луѓето околу мене ќе знаат дека носам парфем со феромони?

Не. PhareX не е нападен и не мириса на „хемија“. Тој мириса како луксузен, чист и привлечен парфем. Неговата функција е дискретна и суптилна. Целта е луѓето да бидат привлечени од вашата енергија, а не само од вашиот парфем.

Колку долго трае ефектот на PhareX?

Формулата е долготрајна и останува на кожата помеѓу 8 и 12 часа. Молекуларните компоненти се ослободуваат постепено преку топлината на вашето тело во текот на целиот ден.

Можам ли да го користам PhareX во комбинација со друг парфем?

Да! PhareX може да се користи како „база“. Неговите молекуларни својства нема да испарат со вашиот омилен мирис, туку напротив, можат да му дадат нова димензија и подлабок карактер.

Критики

Нема критики сеуште.

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *